Американско-турски односи: Како да се интерпретира Бајден за 1915 година?

Џозеф Бајден

На 24 април, Бајден го употреби изразот „геноцид“ во пораката што ја објави во знак на сеќавање на настаните од 1915 година. До последен момент не се очекуваше Бајден да додаде нов проблем на списокот на веќе постоечките и со тоа да ги однесе билатералните односи до точка што не може да се поправи

Откако претседателот Џо Бајден стапи на должност на 20 јануари, почна новата ера во односите меѓу Турција и САД.

Познато е дека двете страни имаат разлики за многу прашања, како што е исклучувањето на Турција од проектот Ф-35, американскиот проект за третирање на противниците на САД преку Законот за санкции (CAATSA), прашањето на ракетниот систем С-400, заедничките воени вежби на САД и Грција, настаните во Карабах, одбранбениот договор меѓу Израел и Грција, одобрувањето на САД за продажба на оружје на администрацијата на кипарските Грци, поддршката на САД за терористички организации во Сирија, прашањето за терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО) и развојот на настаните во Северен Ирак и Либија.

Сепак, до последен момент не се очекуваше Бајден да додаде нов проблем на списокот на веќе постоечките и со тоа да ги однесе билатералните односи до точка што не може да се поправи. На 24 април, Бајден го употреби изразот „геноцид“ во пораката што ја објави во знак на сеќавање на настаните од 1915 година.

Иако не се очекуваше дека Бајден ќе направи таква историска грешка, фактот што тој, долго време по стапувањето на должност, не ја контактира Турција, стратегискиот сојузник во НАТО, веќе беше показател дека студени ветришта дуваат меѓу двете држави. Откако беше објавена пораката на Бајден на 24 април, амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерфилд, беше повикан во Министерството за надворешни работи на Турција, а Турција се огласи со оправдан одговор. Министерството за надворешни работи објави дека Турција нема да ги прифати и ги осуди позициите во изјавата на Бајден во кои инцидентите од 1915 година беа опишани како „геноцид“.

Што доведе до одлука на 24 април?

Повеќе фактори играа улога Бајден да стане првиот американски претседател по Ронал Реган во 1981 година, кој настаните во 1915 година ги нарече геноцид. Сепак, најзначајниот фактор беше оној дека со оваа изјава, инцидентите од 1915 година беа жртвувани за домашни и надворешни политички интереси, на пат без враќање. Одлуката на САД од 24 април ќе има сериозно влијание врз односите меѓу Турција и САД и турско-ерменскиот односи во следните денови. Значи, што е она што се смени во САД, за инцидентите кои секоја година беа обележувани како „Meds Yeghern“ (Голема несреќа), на 24 април 2021 година да бидат опишани како „геноциди“?

Прво, неопходно е да се укаже на постојаниот став на спикерот на Претставничкиот дом, демократот Ненси Пелоси, и на влијанието на потпретседателката на САД, Камала Харис. Долгогодишната успешност на ерменската дијаспора во САД и низ целиот свет и за инцидентите од 1915 година и за многу други прашања, е општо позната. Не треба да се заборави и дека ерменската дијаспора управува со економска моќ, како и со домашно и надворешно политичко влијание. Очигледно е дека притисокот на ерменската дијаспора врз администрацијата на Бајден, Харис и Пелоси во внатрешната политика и економската моќ на дијаспората има значително влијание врз употребата на овој израз од страна на Бајден.

Формални иницијативи за признавање на настаните од 1915 година како геноцид веќе беа поднесени во Конгресот и во неговиот Горен дом, Сенатот, како и во 49 од 50-те сојузни држави на САД. Сепак, големо влијание врз оваа одлука имаше тоа што Бајден се заложи за ерменската дијаспора за време на неговата изборна кампања, во контекст на домашната политика. Додека американскиот печат го претстави овој чекор како индикација за важноста што Бајден ја придава на прашањата за човековите права, очигледно е дека, во суштина, домашните политички интереси имаа важно влијание врз оваа изјава. Од оваа гледна точка, таквата одлука на САД против Турција, сојузник во НАТО, придонесе веќе ослабените односи да претрпат непоправлива штета. Следуваше делириумот во американските медиуми кои оценија дека односите со Турција се ставени на тест.

Друг важен фактор во одлуката беа случувањата за време на војната во Карабах. Како што е познато, САД, и покрај тоа што беа членки на групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), 30 години не презедоа никаква иницијатива за решавање на прашањето за Карабах, па не се постигна напредок кон решение. САД, исто така, не се вклучија премногу во текот на војната во Карабах, што беше пречекано со непријатност од страна на ерменската дијаспора. Иако САД тврдеа дека усвоија политика на неутралност со изговор поради процесот на претседателските избори, остана забележано дека иницијативата изостана, всушност, поради руската политика. Оттука, може да се заклучи дека САД, кои не можеа да ѝ ја дадат бараната поддршка на Ерменија за време на војната, преку оваа изјава ги платија своите „валкани долгови“ кон Ерменија.

 Што значат писмените изјави?

Би било корисно да го разгледаме значењето на изразите што Бајден ги користеше во своето писмо. Иако експлицитниот акцент е ставен на „Османлиската“ држава за да се изземе Република Турција, заложбата дека САД „повторно се обврзуваат да спречат такво злосторство да не се повтори“, претставува контрадикторен став.

Понатаму, иако некои групи го толкуваат повикувањето на „Цариград“ и датумот на 1915 година како индикација дека се забележуваат чувствителностите на Турција, тоа нема никаква врска со реалноста. Она што е важно во ова писмо е дека е употребен зборот геноцид. Исто така, да не заборавиме дека голем дел од кадрите што ја презедоа одговорноста за формирање на Република Турција се состоеше од турски интелектуалци кои беа активни во доцните периоди на Отоманската империја.

Затоа, не би било правилно да се сфати дека писмото укажува на тоа дека „САД ги обвинуваат Османлиите, а не Турција“. Овој став е најочигледен пример за обемот на вештата дипломатија што САД се обидоа да ја применат со пишувањето на писмото. Додека САД имплицираа дека не ја обвинуваат Република Турција, ваквиот став не ја одразува реалноста, бидејќи Република Турција е наследник на Отоманската империја и во историска и во правна смисла. Во истиот контекст, употребата на името Константинопол, наместо Истанбул, е исто така проблематично.

Како да се интерпретираат гледиштата на турските Ерменци?

Позната е нелагодноста што ја чувствуваат Ерменците во Турција, главно Хрант Динк (турско-ерменски интелектуалец, новинар и колумнист), во врска со употребата на настаните од 1915 година како политички инструмент. Изјавата на 85-тиот ерменски патријарх на Турција, Сахак Машалијан, е од најголема важност. Значајни се во овој контекст неговите зборови: „Нè растажува кога гледаме дека страдањата на нашиот народ и светото сеќавање на нашите предци се инструментализирани од некои земји за дневно-политички цели.“

Забелешките на Машалијан во неговата изјава дека „тензиите создадени поради ова прашање со децении се третираат на агендите на парламентите не служат за приближување на двата народа. Напротив, тоа предизвикува непријателски чувства“, покажува уште еднаш дека нормализацијата на односите со Ерменија е од суштинско значење за решавањето на ова прашање.

Преземено од „Анадолу Агенција“ од Анкара

(Авторот е член на анкарскиот Универзитет „Јилдирим Бејазит“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот