Американско-руските преговори за контрола на вооружувањето, Кина ја одби поканата

САД - Русија, илустрација / Фото: Архива на Слободен печат

Специјалниот претставник на претседателот на САД, Маршал Билингсли, идната недела во Австрија ќе се сретне со Сергеј Рјабков, руски заменик министер за надворешни работи, откако биле „заемно одобрени темите поврзани со иднината на контролата на оружјето”.

Како што синоќа соопштија од Стејт департментот, САД на средбата ја поканиле и Кина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќе пати досега ја повика Кина да се вклучи во американско-руските преговори за нов договор кој треба да го замени Стратегискиот договор за намалување на оружјето (СТАРТ или СНВ-3) кој истекува во февруари 2021 година.

Кина засега го одбива предлогот на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот