Американските власти криеле дека подморница вредна 35 милиони долари удрила во остатоците на Титаник

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Станува за прв познат судир на некоја подморница со историскиот Титаник откако во 1985 година е се пронајдени остатоците од бродот на дното на океанот.

Минатата година подморница удрила во светски познатите остатоци на бродот Титаник, но американската влада информациите за овој инцидент досега ги држеше во тајност, речено е на суд.

Властите на САД не соопштиле дека подморница вредна 35 милиони долари, која ја ангажирала британска компанија, удрила во потонатиот брод, пишува британски „Телеграф“ откаде добиле увид во судскиот процес.

Лидерот на експедицијата признал дека подморницата Тритон удрила во остатоците на Титаник во јули минатата година кога пилотот изгубил контрола над пловилото поради „исклучително силни и многу непредвидливи струи“. Тритон се приближил на остатоците на легендарниот брод за на тимот на авантуристи да им сними нови фотографии од Титаник.

Станува за прв познат судир на некоја подморница со историскиот Титаник откако во 1985 година е се пронајдени остатоците од бродот на дното на океанот.

Компанијата за авантуристички патувања EYOS го потврди инцидентот, но наведе дека за време на судирот немало никакво значајно оштетување на остатоците од бродот. Меѓутоа, научниците информираат дека било какво дополнително загрозување на структурата на остатоците може да предизвика нејзино побрзо пропаѓање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот