Американските трупи се повлекоа од Сирија и ја уништија својата база

Американските трупи кои се повлекоа од Сирија ја уништија својата база со пистата за воени транспортни авиони и хелиодромот во таа земја, објави денеска сириската новинска агенција Сана.

Според агенцијата, базата што се наоѓа во близина на Тел Бајдар била целосно уништена по повлекувањето на американскиот контингент.

Покрај тоа, американските трупи треба да се евакуираат од базата „Лајф Стон” во близина на браната на Еуфрат во покраината Хасаках.

Пред неколку дена американските сили ја уништија и својата база во близина на сирискиот град Ајн ал Араб, која се наоѓа на 150 километри од Алепо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот