Американските сенатори против ТикТок: Кина апликацијата може да ја искористи во изборите

ТикТок е кинеска апликација со забавна содржина, а не „политичка платформа“, соопштија од таму.

 Група американски републиканси сенатори ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го испита можниот ризик Кина да ја искористи ТикТок, популарна апликација за споделување видеа, за вмешување во претстојните претседателски избори. 

Членовите на американскиот Сенат, Марко Рубио (од Флорида), Том Котон (од Арканас), Тед Круз (Тексас), Кевин Крамер (Северна Дакота) и други нивни колеги, синоќа на раководителите на Федералното биро за истраги (ФБИ), Министерството за национална безбедност и Националното разузнавање им предале писмо во кое се наведуваат случаи на цензура во апликацијата поврзана со наводните обиди на кинеските власти да манипулираат со политичките дискусии преку оваа апликација. 

„Длабоко сме загрижени дека кинеската Комунистичка партија може да ја контролира ТикТок за изобличување и манипулација на дискусиите за сеење раскол меѓу Американците, а да се постигне некаква политичка цел”, се наведува во писмото до американските агенции за безбедност.  

ТикТок е кинеска апликација и оттаму негираат дека таа може да биде контролирана од властите бидејќи „не е политичка платформа”, и дека „активно се инвестира во заштита на апликацијата”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот