Американските медиуми ќе користат дигитален жиг против лажни вести

Членови на ТНИ се Би-Би-Си, Њујорк тајмс, Си-Би-Ес, Волстрит џурнал, Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, а Асошијетед прес и Вашингтон пост се придружуваат оваа година.

Пред изборите во САД, што се закажани во ноември, група големи медиумски организации повторно работат заедно со цел да ги стопираат лажните вести.

„Trusted News Initiative” (ТНИ)  е коалиција на водечките издавачи и Мајкрософ кои се обврзаа дека заедно ќе работат на сузбивање на дезинформациите.

Тие ќе се обидат со користење на нова технологија за верификација, наречена „Проект потекло”, да ја означат легитимната содржина. На тој начин ќе се обидат да стават крај на лажните наслови кои се пренесуваат како вистински вести.

– Ознаките, брендовите и другите традиционални показатели на доверната повеќе не се доволни да обезбедат легитимна содржина. Поради тоа „Проектот потеко” ќе става дигитален жиг на текстовите на партнерите на ТНИ, кој ќе го покажува официјалниот извор. Идејата е да им се помогне на луѓето да пронајдат вест од доверба, но и да ги филтрираат лажните содржини. За жал, се уште не знаеме како тоа ќе функционира, стандардите за „Проектот потекло” дополнително треба да бидат објавени, соопшти ТНИ.

Членови на ТНИ се Би-Би-Си, Њујорк тајмс, Си-Би-Ес, Волстрит џурнал, Гугл, Фејсбук и Мајкрософт, а Асошијетед прес и Вашингтон пост се придружуваат оваа година. Најверојатно Гугл и Фејсбук ќе ја имаат најголемата одговорност откако долго време беа инкубатор на лажни вести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот