АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ ВНИМАВААТ ДА НЕ ЈА НАЛУТАТ КИНА: Дискутирале на непосакувана тема, па добиле трајна забрана за користење на форум

Фото: Профимедиа

Само поради тоа што учествувале во дискусија за протестите во Хонгконг, одредени членови на форумот на американската компанија за видео-игри „Близард“, добиле забрана за негово користење од 1000 години.

Дека ова не е случајна грешка покажува и објаснувањето на компанијата е дека забраната е поставена поради несоодветно однесување на одредени членови на форумот. Покрај тоа, многу теми кои беа поврзани со протестите во Хонконг на форумот се избришани и до нив повеќе не може да се пристапи.

Пред оваа одлука, американската компанија која создаде игри кои ги играат милиони корисници ширум светот и Кина, на себе го навлече гневот на „гејмерите“ поради тоа што го суспендираа победникот на еден турнир на играта „Хартстоун“, поради тоа што даде поддршка за протестите во Хонгконг. Исто така, одземена му е и наградата од 10.000 долари.

За тоа колку се контрапродуктивни чекорите на компанијата говори и фактот што голем број од корисниците ги одсудија овие чекори на американскиот гигант за видео-игри, а голем број од играчите во САД и Европа започнаа да ја бојкотираат компанијата.

Важно е да се напомене дека американската компанија „Близард“ во Кина има стотици милиони играчи на нивните игри,  при што заработката на годишно ниво достигнува вртоглаво високи милионски суми…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот