Американските и Руските научници СЕ ЗДРУЖИЛЕ: Прават моќно оружје против ЗАЕДНИЧКИ НЕПРИЈАТЕЛ (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Научниците од националниот истражувачки институт „Корољов“ во Самара, со колегите од институтот „Лебедев“, Руската академија за наука и научниците од Универзитетот Емори во САД направиле ласерски уред од нов тип на чија база подоцна ќе можат да се прават ласери за заштита на Земјата од астероиди.

„На база на слични ласерски уреди и во иднина ќе биде овозможено создавање на глобални системи за заштита од астероиди, како и компактни и моќни извори на кохерентно зрачење кое ќе може да се примени во индустријата“, го пренесува РИА Новости соопштението на Универзитетот од Самара.

Од Универзитетот исто така изјавиле дека ласерот е заснован на концепт кој го предложил Мајкл Хејвен, професор по хемија од Универзитетот Емори.

Во уредот за полнење се применува сноп на ласери од диоди, а во комората за празнење атомите на инертни гасови се претвораат во метастабилна состојба во плазма, која создава електрично празнење под притисок сличен на атмосферскиот. Во слична гасовита средина се формира далеку посилен и поквалитетен сноп отколку кај полупроводничките ласери.

„Предложената комбинација на технологии создава можност за создавање на компактен ласер кој може да емитува непрекинато зрачење со сила од неколку мегавати. Покрај тоа, активната средина на таквиот ласер содржи само инертен плин, што значајно ја поедноставува техничката реализација и овозможува создавање на хемиска инертна варијанта на ласерскиот уред“, објаснил Хејвен.

Како што рекол Павел Михејев, водечкиот соработник на лабораторијата на Универзитот од Самара, научниците ќе го користат уредот за пронаоѓање на оптимален начин на добивање на метастабилни атоми на инертен плин и ефикасен режим на генерирање на ласерски сноп.

„Сега, кога го направивме уредот, експериментално ќе ги проучуваме физикалните принципи на создавање на такви системи, ќе испитуваме како треба да се врши оптичко полнење, како силата на полнењето влијае на концентрацијата на метастабилните атоми на аргон и како концентрацијата на метастабилни атоми на инертните гасови зависи од притисокот на смесата“, истакнал тој.

Според зборовите на Михејев, ласерскиот сноп од овој тип скоро не се апсорбира во атмосферата, така да може да се користи за комуникација на голема оддалеченост или за пренос на енергија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот