Американските федерални резерви воведоа нови мерки за американските компании

Улогата на Федералните резерви на САД е да обезбедат повеќе олеснувања за американските компании

Американските Федерални резерви објавија нова сеопфатна програма на мерки вредна  2, 3 милијарди долари за поддршка на локалните самоуправи и малите и средни претпријатија, со цел да се намалат штетите од пандемијата на коронавирусот.

Централната банка на САД соопшти дека ќе понуди преку банките четиригодишни позајмици за компаниите кои имаат до 10 илјади вработени, и најави дека директно ќе ги откупува обврзниците на  сојузните држави, населените окрузи и градови, со цел да им помогне да одговорат на предизвикот од актуелната здравствена криза.

Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел изјави дека улогата на централната банка сега се проширува во однос на досегашниот вообичаен фокус на одржување на ликвидност и функционалност на пазарот,со цел да и помогне на државата да добие економски и финансиски простор за санирање на последиците од актуелната  здравствената криза.

,,Најголем приоритет на САД е решавање на здравствената криза и  воедење грижа  околу заболените и спречување на ширењето на вирусот”, изјави директорот на американските федерални резерви, кој додаде дека улогата на оваа институција е да обезбеди повеќе олеснувања и стабилност за фирмите во периодот на принудите ограничувања на економските активности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот