Американските авиокомпании го укинуваат носењето маски во авионите

Патници во авион за време на ковид пандемијата/ Фото EPA-EFE/JEFFREY GROENEWEG

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повеќе нема да наметнува обврска за носење маски во јавниот превоз, откако федерален судија во Флорида пресуди дека директивата е нелегална, поткопувајќи ги клучните напори на Белата куќа за намалување на ширењето на ковид-19.

Сите големи авиокомпании го поздравија потегот со тоа што одлучија дека повеќе нема да бараат носење маски.

Федералната судијка во Флорида, Кетрин Кимбал Мизел, во понеделникот пресуди дека 14-месечната директива е незаконска.

Мизел рече дека Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) ги надминале своите овластувања со наметнување на обврската за носење маски, не барале мислење од јавноста и не ги објасниле соодветно своите одлуки.

Пресудата доаѓа во период кога бројот на случаи во САД почнува повторно да расте, со просечни 36.251 нови инфекции секој ден и 460 смртни случаи на ден.

Белата куќа пресудата ја нарече „разочарувачка”.

Со порастот на бројот на случаите на Ковид-19, укинувањето на обврската за носење маски може да предизвика недоверба кај некои патници, додека некои би можеле на тој начин да се поттикнат повторно да летаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот