Американските астронаути со Драгон слетаа во океан

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен, кои летаа до Меѓународната вселенска станица со вселенскиот брод Драгон, вчера слетаа во море во близина на брегот на Мајами.

Тоа беше прв американски лет со екипаж од територијата на САД во изминатите девет години. Успешното слетување беше последен клучен тест за вселенското летало на милијардерот Илон Маск, основач на компанијата Спејс Икс.

Американската вселенска агенција (НАСА) и нејзиниот комерцијален партенр Спејс Икс одлучија капсулата да слета што подалеку од ураганот Исаја, поради што е избран Мексиканскиот Залив за слетување.

Последен пат на овој начин слета Аполо леталото, кое атерира во Пацификот по средбата со советското летало Сојуз во Вселената пред 45 години.

Харли и Бенкен на Меѓународната всленска станица пристигнаа кон крајот на мај. Нивното полетување во ракета Фалкон 9 на компанијата Спејс Икс го означи почетокот на нова ера на патување во Вселената.

НАСА одлучи повеќе да не поседува и да управува со опрема за транспорт на екипаж во ниската орбита на Земјата, туку услугите да ги купува од комерцијалните партнери. Спејс Икс е прва компанија која пружа такви услуги, а нејзината технологија, вклучително и ракетата Фалкон 9 може да се користи повеќепати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот