Американските аеродроми преполни, сцени од кои сите стравуваа: Патниците си дишат во врат чекајќи со часови

ФОТО: Социјални мрежи

Снимките кои ги преплавија социјалните мрежи, покажуваат дека аеродромите во Америка се места на кои моментално е најмалку потребно да се биде, со оглед на пандемијата од коронавирусот.

Новите мерки кои во борбата против коронавирусот ги воведе администрацијата на Доналд Трамп во врска со ограничувањето на патувањата, за жал доведоа токму до такви ситуации кои сите сакаа да ги избегнат, а тоа се преполни аеродроми со патници кои во толпа се туркаат и повеќечасовни задржувања во таа гужва.

Снимките кои ги преплавија социјалните мрежи, покажуваат дека аеродромите во Америка се места на кои моментално е најмалку потребно да се биде, со оглед на пандемијата од коронавирусот.

Гужвите и повеќечасовните чекања на затворено се токму оние ситуации за кои предупредуваат Центрите за контрола и превенција на болестите.

На снимките се гледаат патници кои стојат во редови на кои не им се гледа ниту почетокот ниту крајот, посебно на големите меѓународни аеродроми како ЈФК во Њујорк, Форт Ворт во Далас и О’Хара во Чикаго.

Сите корисници на социјалните мрежи кои објавија снимки од преполните аеродроми напоменуваат дека со часови морале да стојат во гужва во која е невозможно да се држи пропишано растојание, а дека луѓето генерално се во паника зошто не знаат кој од кое жариште пристигнал.

Управите на аеродромите им се извинуваат на патниците за застојот, некои на заглавените луѓе им понудија и вода и грицки, но многумина се прашуваат „што тие патем навистина добија“.

Исто така, патниците напоменуваат дека сето тоа ги чека и на другите аеродроми зошто многумина од нив мора да преседнуваат на пат кон својот дом.

На една од снимките се слуша како бесни патници се обидуваат со аплауз и викање да го забрзаат процесот но секако, не им преостанува ништо друго освен да чекаат.

Според новите правила кои на сила стапија во петокот на полноќ, Американците кои пристигнуваат од повеќето европски земји, Кина и Иран сега ќе мора да бидат подложени на „зголема контрола при влез“.

Тоа подразбира одговарање на многу прашања за историјата на своите болести и моменталната состојба, оставање контакт и други податоци на локалните здравствени власти, по што ги очеквуа домашен карантин од 14 дена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот