Американскиот Сенат со воведни зборови го отвори судењето за импичмент на шефот на државата

Но Трамп, кој постојано изјавува дека целата ситуација со импичментот е „грешка“ на демократите, смета дека ќе биде ослободен од обвиненијата, а неговите постапки кон Украина, според него, се дел од борбата со корупцијата во таа земја.

Демократскиот конгресмен Адам Шиф кој е еден од седумте менаџери за импичмент кои ќе го водат случајот против претседателот изјави дека ниту еден претседател досега не се обидел да ја спречи истрагата за импичмент толку темелно. Судскиот процес, според очекувањата треба да трае неколку недели.

Предметите по кои е обвинет Трамп, од Долниот дом на американскиот Конгрес до Сенатот беа предадени во услови на затегнати безедносни мерки на Капитол хил.

Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот, за наводна изнуда од Украина да отвори антикорупциска истрага против политичкиот ривал Џо Бајден, со задршка на 391 милион долари воена помош за таа земја, сојузник на САД, чиј дел од територија е воено окупиран од Русија.

Но Трамп, кој постојано изјавува дека целата ситуација со импичментот е „грешка“ на демократите, смета дека ќе биде ослободен од обвиненијата, а неговите постапки кон Украина, според него, се дел од борбата со корупцијата во таа земја.

Сепак демократите се неумоливи, откако изгласаа отповикување на Трамп во Претставничкиот дом во декември, сега тие бараат распит на останати сведоци кои би можеле да откријат нови детали од притисокот врз Киев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот