Американскиот Сенат го освои одбранбениот буџет – со дел од парите ќе се формираат вселенски сили

Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри одбранбениот буџет од 738 милијарди американски долари, што е за 2,8 проценти поголем од минатогодишниот план и со кој се формираат вселенски сили. Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го потпише веднаш и ќе го претвори во закон.

Републиканците доминираа со гласањето – 84 гласови „за” и осум против нацрт-законот за одбрана (НДАА). Претставничкиот дом со демократско мнозинство го усвои минатата недела со 377 гласови „за” и 48 „против”.

Трамп минатата недела објави на Твитер дека ќе го потпише законот веднаш штом ќе се гласа, истакнувајќи дека ги вклучува сите негови приоритети.

Оваа година се забележува пораст на платите од 3,1 процент за војниците, прв платен одмор за сите федерални работници и формирање вселенски сили (space forces), што беше еден од главните приоритети на Трамп.

НДАА за 2020 година исто така не го спречува Трамп да користи воени средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот