Американскиот режисер Мајкл Мур ја промовира С. Македонија како една од осумте земји каде Американците може слободно да патуваат

Американскиот режисер Мајкл Мур со објава на Фејсбук ја промовира Северна Македонија како една од осумте земји во светот каде Американците може да патуваат без никакви ограничувања.

-Планирате патување за време на празниците? Сфаќате ли дека остатокот од светот нè смести во сопствен приватен затвор, нели? Сега ни е забрането да патуваме  без ограничување скоро во секаде во светот. Само осум земји дозволуваат влез со американски пасош без никакви ограничувања (без карантин, без претходно тестирање, без виза, без ништо). Еве ги единствените нации во кои можете слободно да патувате како Американец: Северна Македонија, Косово, Тунис, Турција, Доминиканска Република, Мексико, Малдиви, Србија (има 23 други земји што ќе дозволат влез – но со ограничувања и карантини).

Мур потоа објснува дека остатокот од светот ги гледа Американците како чума и опасност, како и дека скоро 60 отсто од населението нема пасош, а голем дел никогаш ја немаат напуштетно САД.

На крајот од објавата го промовира Скопје и хотелот Стар Конак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот