Американскиот одбранбен систем пресретна неколку ракети испукани кон аеродромот во Кабул

Кабул / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Неколку ракети беа испукани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми.

Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американски државјани.

САД се во завршна фаза на евакуација, бидејќи утре истекува рокот за заминување на американските сили од Авганистан.

Извор: МИА

Видео на денот