Американскиот новинар убиен во Украина не известувал за „Њујорк Тајмс“, користел стара прес-картичка

Фото: Твитер

Американскиот новинар и филмски режисее Брент Рено (51), кој денеска загина кога руски војници отворија оган врз неговиот автомобил во движење во близина на Ирпин, не бил ангажиран како известувач за „Њујорк Тајмс“, јавуваат медиумите.

Кај Рено беше пронајдена прес-картичка од американскиот весник, но „Тајмс“ соопшти дека тој не работел за нив од 2015 година.

Рено бил погоден во вратот. Тој е првиот странски новинар кој загина од почетокот на руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари.

Сѐ уште не е познато за кој медиум известувал Рено.

Во нападот се повредени уште двајца новинари, кои се згрижени во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот