Американскиот министер за здравство тврди: Нема пораст на новозаразени таму каде што се ублажени мерките
Напомена дека одлуките за укинување на рестрикциите треба да ги носат пониските инстанци, а не сојузната влада.
Засега не е забележан поголем пораст на нови случаи на зараза со коронавирус во местата каде се укинуваат рестрикциите, но е забележан во некои подрачја во кои мерките останале на сила, рече американскиот министер за здравство Алекс Азар.
„Во местата кои се отвораат не гледам голем пораст на случаи на зараза“, рече Азар денеска за емисијата „State of the Union“ на Си Ен Ен.
„Се уште гледаме голем пораст во некои подрачја кои, всушност се речиси изразито затворени“, додаде тој.
Напомена дека одлуките за укинување на рестрикциите треба да ги носат пониските инстанци, а не сојузната влада.
„Тоа се многу локализирани одлуки. Не постои единствено решение што се однесува до отворањето, но мораме повторно да се отвориме зошто овде не се работи за здравјето наспроти економијата“, рече Азар и додаде дека ќе настант сериозни последици по здравјето ако не дојде до отворање.
Запрашан за собирите на луѓе близу баровите и општо за собирањето на луѓето во одредени делови од земјата, одговори дека тоа е цената на слободата.
„Мислам дека во секој поединечен случај ќе видите луѓе да прават неодговорни работи. Тоа е дел од слободата која ја имаме овде во Америка“, заклучи Азар за Си Ен Ен.