Американскиот министер за финансии: Ќе го земам во предвид мислењето на Грета кога ќе заврши соодветен факултет

Фото: Википедиа/Профимедиа

Дали таа е главен економист? Откако ќе заврши економија на факултет, може да дојде и да ни го објасни тоа – рече Мнучин на прес-конференцијата за новинарите во Давос.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денес одговори на повикот на активистката Грета Тунберг да се откаже од фосилните горива и посочи дека ќе го уважи нејзиното мислење дури кога таа ќе заврши соодветен факултет.

– Дали таа е главен економист? Откако ќе заврши економија на факултет, може да дојде и да ни го објасни тоа – рече Мнучин на прес-конференцијата за новинарите во Давос.

Тој додаде дека е погрешно сфатен ставот на Соединетите Американски Држави.

– Политиката на САД е погрешно интерпретирана. Да бидам јасен, претседателот Доналд Трамп апсолутно верува во чистиот воздух, чистата вода и незагадената животна средина – посочи Мнучин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот