Американскиот Конгрес постигна договор за кревање на лимитот на задолжување

Американскиот конгрес / Фото: Архива

Во американскиот Конгрес денеска беше постигнат договор за зголемување на лимитот за задолжување, соопшти шефот на демократите Чак Шумер, и додаде дека со него се избегна потенцијално катастрофална ситуација во која државата нема да може да ги плати доспеаните обврски.

-Имам добри вести, постигнавме договор за зголемување на лимитот на задолжување до декември, рече Шумер.

Договорот, постигнат по долги преговори со републиканците, ќе и овозможи на првата светска економија да избегне да се најде на 18 октомври во ситуација кога не може да ги плати обврските.

Според Министерството за финансии, на 18 октомври земјата би се нашла во ситуација да не може да ги плати долговите.

Највисоката граница на задолжување на американскиот долг е фиксирана на нешто повеќе од 28 милијарди долари. САД во повеќе наврати го креваа овој плафон, така што земјата нема да остане без пари.

Меѓутоа, посочуваат француските медиуми, во време на претседателствувањето на Барак Обама, републиканците почнаа да го користат ова прашање како инструмент за политички притисок.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот