Американскиот конгрес одобри нов мегапакет од 12,3 милијарди во воена помош за Украина

ракетен систем ХИМАРС фото: принтскрин јутјуб

Американскиот Конгрес денеска одобри помош од 12,3 милијарди долари наменети за Украина за да се бори против руската инвазија.

Пакетот вклучува три милијарди долари за оружје, набавки и плати за украинската војска и го овластува претседателот Џо Бајден да му наложи на Пентагон да пренесе 3,7 милијарди долари за оружје и друга техника во Украина.

Таканаречената „континуирана резолуција” — усвоена со 230 гласови „за” и 201 „против”, при што 10 републиканци им се приклучија на демократите — исто така обезбедува 4,5 милијарди долари за Киев за да ги одржи финансиите на земјата стабилни и да ја одржи владата во функција.

Со тоа, американскиот придонес за Украина во нејзините воените напори во конфликтѕот со Русија досега се 65 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот