Американскиот конгрес ќе истражува дали Помпео ангажирал телохранители во приватни цели

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот Конгрес започна истрага по информацијата дека државниот секретар Мајк Помпео ја користел својата безбедносна служба во приватни цели, јави синоќа Си-Ен-Ен.

Се дознава дека наредбите што ги давал Помпео на лица од неговата лична заштита, ги надминувале рамките на нивните директни надлежности.

Извори од Конгресот укажуваат дека истрагата што започнале да ја водат разни конгресни комисии започнала по дојава од „свиркач” во Администрацијата. Од дојавата се дознало дека Помпео понекогаш ги ангажирал своите телохранители да му носат оброци од кинески ресторан, потоа тие го превезувале неговото куче од салон за домашни миленичиња, или неговиот малолетен син.

Според Си-Ен-Ен, работата на безбедносните служби се плаќа од парите на даночните обврзници и противзаконски е кога официјални државни службеници ангажираат подредени лица за потреби надвор од нивите надлежности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот