Американскиот државен секретар на дипломатска турнеја по Блискиот Исток

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/MIKA SAVOLAINEN

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Каиро разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за смирување на израелско-палестинските тензии, по што ќе отпатува во Ерусалим и Рамала.

Посетата на Израел, планирана многу порано, доби поинаков тон со избувнувањето на новата спирала на израелско-палестинско насилство што досега меѓународните повици за смирување не успеаја да го запрат.

Египетскиот претседател Ал Сиси, незаменлив учесник во посредувањето во израелско-палестинскиот конфликт, го прими Блинкен во Каиро. Тие разговараа за тековните напори за деескалација на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, нагласувајќи ја важната улога на Каиро во „промовирање на регионалната стабилност”.

Блинкен, по денешната посета на Каиро, ќе отпатува во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, а потоа и во Западниот Брег на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Блинкен за саудиската телевизија Ал Арабија изјави дека сака да разговара со израелската влада и со лидерите на палестинските власти. – Сакам да слушнам што имаат да кажат луѓето кои се погодени секој ден (од конфликтот), рече Блинкен.

По разговорот со Ал Сиси, Блинкен во Каиро се сретна со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри.

Иако САД и Египет се важни дипломатски актери, експертите сметаат дека просторот за маневрирање на американскиот државен секретар е ограничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот