Американскиот „дрим-тим“ не би имал шанси против Југославија

Фото: EPA-EFE/JOHN G MABANGLO

Доколку и натаму постоеше Југославија како земја, сега нејзината кошаркарска репрезентација би ја победила селекцијата на САД, тврди шпанската „Марка“.

Во текстот на едно од најпознатите светски спортски списанија, како и во анкетата на веб-страницата, се верува дека тимот предводен од Никола Јокиќ „би сеел страв на меѓународната сцена и би го довел во прашање владеењето на САД на кошаркарски план“.

Одличен тим сигурно може да им конкурира на ѕвездите од НБА лигата. 12 великани од поранешна Југославија би биле страв и трема за многу тимови ширум светот.

Имиња како Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ ги натераат носталгичните луѓе да размислат за тоа колку далеку ќе одеше југословенскиот тим доколку сите републики останеа обединети до денес. Застрашувачки тим кој може да доминира во кошарката со „железна тупаница“.

Според новинарите на „Марка“, репрезентацијата на Југославија ќе се состоеше од следниве имиња во светската кошарка:

Милош Теодосиќ (Србија)
Горан Драгиќ (Словенија)
Василије Мициќ (Србија)
Богдан Богдановиќ (Србија)
Лука Дончиќ (Словенија)
Бојан Богдановиќ (Хрватска)
Немања Бјелица (Србија)
Никола Јокиќ (Србија)
Никола Вучевиќ (Црна Гора)
Јусуф Нуркиќ (Босна и Херцеговина)
Дарио Шариќ (Хрватска)
Никола Милутинов (Србија)

Многу имиња не се најдоа на оваа листа, така што овој тим може дополнително да се засили, доколку е можно засилување. Тренерот би бил на слатки маки, единствено што му преостануваше беше да состави ваков „тим од соништата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот