Американскиот долар слабее

Поради агресивното ублажување на монетарната политика од страна на Федералните резерви вредноста на американскиот долар продолжи да има опаѓачки тренд на пазарите со валути.

Индексот на доларот, кој го следи движењето на шест водечки светски валути утрово падна на 100,78 поени откако вчера тргувањето се заврши на ниво од 101,55 бодови.

Во однос на јапонскиот јен вредноста на доларот се намалува за 0,4 проценти, и сега таа изнесува 110.70 јени во споредба со вредноста од вчерашното тргување на берзите кога еден долар се продаваше за 111,15 јени.

Еврото бележи раст во однос на доларот. Соодносот на вчерашното тргување на пазарот на валути беше 1 евро = 1,0795 долари а денеска тој сооднос е 1 евро = 1,0915 долари.

Во однос пак на вчерашното тргување со автралиските долари тие забележаа пад во однос на американскиот од 0.6 отсто, а во однос на јенот за 1 процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот