Американскиот ЦДЦ одобри вакцини против ковид-19 за деца

вакцина деца вакцинирање
Вакцинација на деца против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Американските здравствени власти препорачаа да се даде вакцина против ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината сѐ уште не беше одобрена.

„Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа“, изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации.

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие.

Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот