Американскиот амбасадор во БиХ: Државата е во неодржлива ситуација

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Ерик Нелсон ги повика граѓаните во државата да извршат притисок врз владеачките елити за потребните политички, економски и социјални промени во општеството. Како прва прилика за тоа, тој повика да се искористат претстојните локални избори закажани за 15 ноември.

– Малку ќе се промени ако вие, обични граѓани, не го сторите својот дел, ако не одбиете да платите мито, ако не посочите загуби, корупција, изборни нерегуларности. Ако не зборувате гласно и јасно и што е најважно, ако не гласате да ги повикате своите одговорни водачи, наведе амбасадорот Нелсон во авторски текст на неговиот блог.

Нелсон потсети на податоците од проценката на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) на САД објавена на почетокот на октомври, во која се анализирани предусловите за формирање на самоодржливи држави. БиХ се справи доста лошо во таа проценка (Self Reliance Roadmap) затоа што критериумите применети од УСАИД велат дека земјата тешко заслужува преодна оценка кога станува збор за категории како што се либерална демократија и отворена влада, ефикасност на владата, економска политика, претприемништво.

Самоодржливоста е дефинирана во анализите на УСАИД како можност за планирање, финансирање и спроведување на решенија за локалните развојни проблеми, како и заложба за нивно ефективно и одговорно спроведување, односно ситуација во која една земја може да ги реши своите проблеми и да управува со својот развој без меѓународна поддршка.

Нелсон им порача на своите граѓани дека тоа не може да се промени без нивни ангажман, што мора да ги принуди владеачките политички структури да го променат сегашното однесување. Потребата од промени е поголема, бидејќи сите достапни показатели покажуваат дека БиХ постојано заостанува во постигнувањето на поставените критериуми за самоодржливост од 2013 година, нагласи амбасадорот.

– Без поголема посветеност на владините претставници за промена на ситуацијата, статус-кво состојбата или спиралата на опаѓање ќе продолжат”, рече Нелсон.

Тој ги предупреди граѓаните на БиХ дека практиката на владеачките партии да ги користат јавните претпријатија како „политички банкомати” за зајакнување на нивната моќ и контрола на гласачкото тело мора да заврши што е можно побрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот