Американскиот амбасадор на Косово: Укинете ги царините на српската стока

Американскиот амбасадор на Косово, Филип Коснет, денеска, во изјава за приштинските медиуми, рече дека Косово би требало да ги суспендира царинските мерки на стоката од Србија, како прв чекор на враќање на дијалогот, што е клучниот услов на официјален Белград за продолжување на преговорите за нормализација на односите.

„Веруваме дека двете влади, и во Приштина и во Белград, треба да преземат чекори и да му пристапат на дијалогот на креативен начин, да преземат чекори кои нема да бидат популарни ни за една земја“, сугерираше Коснет.

Тој истовремено нагласи дека ставот на американската влада е дека нема да се противи на корекција на границите, што не значи дека „преферираат таков договор“, пренесува приштинска Епока.

„Она што сакам да го кажам е дека американската влада смета дека двете страни имаат слобода самостојно да одлучат за што сакаат да разговараат“, истакна американскиот дипломат.

„Кога владата на САД минатата година кажа дека нема да се противи на корекција на границите, не кажавме дека таков договор претпочитаме, туку само кажавме дека преговарачите се слободни да разговараат за што сакаат“, дообјасни Коснет.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени „со 99 отсто сигурност“ дека во Париз на почетокот на јули нема да се одржи средбата на лидерите на Србија и Косово кои Германија и Франција се обидуваат да ги вратат на преговарачка маса и да го обноват дијалогот кој со месеци е блокиран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот