Американски воен брод истрела предупредувачки оган врз пловните објекти на Иранската гарда

Американски воен брод истрела предупредувачки оган откако нему и на уште еден патролен чамец во Персискиот залив му се доближиле три пловни објекти на морнарицата на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦН), соопшти американската армија.

– Американските екипажи издадоа повеќе предупредувања, но бродовите на ИРГЦН ги продолжија своите маневри во непосредна близина. Екипажот на УСС Фајрболт потоа пукаше во знак на предупредување, а бродовите ИРГЦН се преместија на безбедно растојание од американските бродови, се вели во соопштението на американската армија.

На почетокот на април, во Персискиот залив имаше уште едно соочување меѓу воени бродови на Иран и САД, што беше прв инцидент од ваков вид за една година, во услови на тензии околу неизвесниот ирански нуклеарен договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот