Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Американски трупи влегоа од Сирија во Ирак преку граничниот премин Сахела во провинцијата Дохук, наведуваат очевидци.

На снимките се забележува како повеќе од 100 оклопни возила кои превезуваат војници во Ирак, повлекувајќи се од Сирија.

Безбедносни извори на ирачките Курди истакнуваат дека американската војска влегла во полуавтономниот курдски регион во Ирак.

Границата ја преминале околу 30 приколки и возила „хамер” кои превезуваат тешка воена опрема, додава изворот.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави во саботата дека сите војници, околу 1.000, ќе бидат префрлени во западниот дел на Ирак, со цел да ја продолжат борбата против ИД и да „помогнат во одбраната на Ирак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот