Американски специјалец го пребарувал медицинското досие на Бајден

Воена вежба на американските Фоки/Фото: EPA PHOTO US NAVY/-/rix

Припадник на специјалната единица „Фоки“ на американската морнарица се обидел да добие пристап до медицинските досиеја на американскиот претседател Џо Бајден, но не успеал.

Во соопштението на американската морнарица објавено во вторникот (9/7) се вели дека минатиот февруари, морнарот ја барал датотеката „Џо Бајден“ во воената база на податоци „од љубопитност“.

„Досието до кое припадникот на морнарицата добил пристап не е електронско досие на претседателот на САД“ и „во никој случај не биле загрозени личните податоци на претседателот“, се нагласува во релевантното соопштение.

Официјален претставник кој сакал да остане анонимен појаснил дека специјалецот се обидел три пати во рок од неколку часа да добие пристап до медицинскиот досие на претседателот Бајден. Истрагата беше завршена во април. Морнарот беше административно санкциониран, но останува во американската морнарица.

Некои демократи сметаат дека 81-годишниот американски претседател ја нема потребната острина за да му биде противник на републиканецот Доналд Трамп на изборите на 5 ноември. Од своја страна, Џо Бајден изгледа е решен да не ја напушти трката, како што повтори вчера на MSNBC.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот