Американски службеник предупреди: Кина нè победи, нивната технологија е далеку подобра

Вештачка интелегенција / Фото: Илустрација

„Готово е. Трката со Пекинг веќе заврши”, изјави Николас Чејлан, поранешниот шеф на Пентагон задолжен за софтвер и технолошки развој.  

Првиот шеф на Пентагон задолжен за софтвер и технолошки развој минатиот месец поднесе оставка поради премногу бавната трансформација на американската армија, тврдејќи дека неуспехот да се одговори на предизвикот на Кина во областа на вештачката интелигенција ги довеле САД во ризик.  

Николас Чејлан (37) за Фајненшл тајмс изјави дека Америка заостанува зад Кина од 15 до 20 години во областа на вештачката интелигенција.  

„Сега е готово. Според мое мислење, немаме шанси против Кина. Дали е потребна војна за тоа или не, тоа е анегдота – рече Чејлан, кој три години работел како прв директор на Пентагон на проект за поправка на сајбер-безбедноста. 

„Кина веќе победи и е на пат да постигне глобална доминација, бидејќи ја користи својата технолошка предност“, додаде поранешниот функционер, кој во следните неколку недели ќе сведочи пред Конгресот за заканата на Кина врз американската супериорност во вештачката интелигенција. 

Кина, која ја има втората по големина економија во светот, доминира во многу клучни области на модерната технологија, како што се вештачка интелигенција, синтетичка биологија и генетиката. 

„Оваа комунистичка земја е на пат да доминира со светот во иднина. Ќе контролира се, од медиуми до геополитика. Кинеските компании мора да соработуваат со владата и да инвестираат во истражување без никакви етички бариери. Во некои области, нашата сајбер -одбрана на одредени владини сектори е на ниво „на градинки“ – посочи Чејлан.  

Николас Чејлан/ Фото Pentagon

Во март оваа година, Комисијата за национална безбедност утврди дека САД не се подготвени да се натпреваруваат против Кина во развојот на вештачката интелигенција.  

Се инвестираат милијарди  

Во јуни, САД издвоија 250 милијарди долари за инвестирање во развојот на вештачка интелигенција во воената индустрија. Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во последните денови, а Тајван беше во центарот на вниманието. Кинеската намера да го врати својот суверенитет островот што го смета за своја територија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот