Американски шпионски авион забележан од руски сухој над Црното Море

Веднаш потоа, Р-8А Посејдон го сменил курсот и почнал да се оддалечува од руската граница, а Су-27 се вратил во базата.

Руски воен авион Су-27 пресретна американски шпионски авион Р-8А Посејдон над Црно Море, кој, како што се наведува, ги „надгледувал” руските јужни граници.

Според руските медиуми, ова е третпат за речиси една недела руски „сухои” да пресретнуваат американски шпионски авиони.

Радарот го открил леталото вчера во неутралните води на Црно Море, а потоа го пресретнал воениот авион Су-27, чиј пилот од безбедна оддалеченост потврдил дека станува збор за споменатиот американски авион, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Нарушување на воздушниот простор не е дозволено, се додава во соопштението на руското Министерство.

Веднаш потоа, Р-8А Посејдон го сменил курсот и почнал да се оддалечува од руската граница, а Су-27 се вратил во базата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот