Американски сенатори во Приштина за поттикнување на дијалогот со Србија

Двајца американски сенатори, републиканецот Рон Џонсон и демократот Крис Марфи, престојуваа денеска во Косово, каде што со државните челници разговарале за можностите за обновување на дијалогот со Србија за изнаоѓање конечно решение за споровите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за новинарите пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина, каде што беа одржани некои од разговорите со домашните политички лидери, сенаторот Џонсон рече дека постигнувањето решение по пат на дијалог меѓу Косово и Србија „ќе биде клуч за успехот за иднината на регионот”.

Сенаторот Марфи изјави дека „постојат посебни односи меѓу САД и Косово” и додаде дека иднината на земјата е „во заедништвото со пријателите од европската заедница и со сите американски и трансатлантски бизниси кои можат да бидат партнери во економскиот успех на Косово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот