1 C
Скопје

Американски сенатори бараат повлекување на сите опасни производи од Амазон

Тројца американски демократски сенатори побараа повлекување на сите опасни производи од продажната платформа на Амазон, откако Си Ен Ен ги објави резултатите од истрагата, која покажа дека десетици електронски производи на Амазон остануваат во продажба, и покрај поплаките на клиентите дека се стопиле, експлодирале или запалиле.

Во писмо до сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сенаторите Ричард Блументал од Конектикат, Роберт Мендез од Њу Џерси и Ед Марки од Масачусетс напишаа дека извештајот на Си Ен Ен покажува дека продавачот ги игнорира сериозните грижи на клиентите за одредени електронски уреди.

„Амазон мора веднаш да ја прекине продажбата на опасни и неисправни основни производи на Амазон, да ги повлече и веднаш да ги информира клиентите за потенцијалните ризици”, напишаа демократските сенатори во писмото.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Етна денеска повторно се закани

Амазон не одговори директно на загриженоста на сенаторите, но од оваа компанија рекоа дека „безбедноста е на прво место” и дека нивните производи ги исполнуваат сите безбедносни стандарди, јави Си Ен Ен.

Поврзани вести

Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Слободен печат

Кумата на Путин влегува во политика: Русија и Украина на работ на нова војна?

Илинка Иљоска

Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?

Дино Чупевски

Мас: Ние остануваме на ветувањето дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Слободен печат

Николовски: Постојано ќе се разгледува реализацијата на Планот за корупција

Слободен печат

Николовски: Парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте

Слободен печат

Остави Коментар