Американски сенатор: САД да ги обнови санкциите кон Белорусија, ако Лукашенко ја украде победата на изборите

Администрацијата во Вашингтон да ги обнови санкциите кон Белорусија ако се покаже дека резултатите од закажаните избори на 9 август се фалсификувани. Ова синоќа на Твитер го истакна Роберт Менендес, демократски сенатор од Њу Џерси и најстар член на Комитетот за надворешна политика при Горниот дом на американскиот Конгрес, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Овој викенд светот ќе гледа на изборите во Белорусија. Ако (белорускиот) претседател (Александар) Лукашенко ја украде победата на изборите или премине кон жестоки мерки против опозицијата, САД треба да бидат подготвени на обнова на санкциите согласно принципите изложени во „Акт за демократија во Белорусија”, смета законодавачот. 

Американскиот Сенат завчера едногласно донесе резолуција со повик до белоруските власти „на 9 август да спроведат слободни, чесни и транспарентни претседателски избори, вклучувајќи и непречено учество на сите кандидати за претседател”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот