Американски сенатор: Да им се објасни на народите во Косово и Србија дека во нивен интерес е постигнување на договор

Американскиот сенатор Рон Џонсон изјави дека „мора да им се објасни на народите на Косово и Србија дека договорот кој можеби не им се допаѓа – е во нивни најдобар интерес”.

Во разговор со украинскиот Глас на Америка, американскиот сенатор кој ги посети и Белград и Приштина минатата недела, порача дека на лидерите на Србија и на Косово е да одлучат дали можат да постигнат договор.

– Во последните неколку години, јас бев доста ангажиран на ова прашање. Мислам дека лидерите на обете држави согледуваат дека е во нивен заеднички интерес да ги остават разликите зад себе и да постигнат договор – изјавил Џонсон.

Тој додаде дека „обете држави сакаат поголем американски ангажман”

– Мислам дека ќе им го понудиме, но не во смисла на наметнување и притисок, туку само во знак на поддршка на нивните напори и во создавање услови каде лидерите на двете држави ќе можат да сметаат на поддршка на Америка и Европа, откако ќе постигнат договор, рече сенаторот Џонсон.

Според него, договорот ќе биде од голема корист во однос на натамошна интеграција во европската економија, поголема слобода на патувањата, поуспешна економија, затоа што откако ќе се постигне договор ќе биде полесно да се привлечат странски инвестиции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот