Американски сенатор: Би бил шокиран ако Ким Џонг-Ун не е мртов (ВИДЕО)

По гласините дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун починал, американскиот сенатор Линдзи Грем изјавил дека би бил прилично изненаден ако тие гласини се покажат како невистинити.

Во разговорот со водителката на Фокс Њуз, Грем рекол дека и покрај затворената природа на Северна Кореја, раководството на таа земја ќе мора на крајот да се огласи за шпекулациите за смртта на Ким. Исто така, сенаторот Грем рекол дека се надева дека, ако Ким Џонг-Ун навистина е мртов, дека наредниот шеф на државата ќе соработува со американскиот претседател Доналд Трамп „за Северна Кореја да стане подобро место за сите“.

– Тие се затворена земја, за сега немам слушнато проверена информација, но би бил шокиран ако не е мртов, рекол сенаторот и додал дека прилично цврсто верува дека е мртов или онеспособен.

Изразувајќи надеж дека народот на Северна Кореја „ќе добие некое олеснување“ ако Ким е навистина мртов, Грем рекол дека американскиот претседател Доналд Трамп „е подготвен да соработува со Северна Кореја на начин кој носи победа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот