Американски професор со порака до Харадинај: Не го лажи народот за визната либерализација - Слободен печат

Американски професор со порака до Харадинај: Не го лажи народот за визната либерализација

Европската Унија веќе неколку пати повторува дека нема конкретен датум кога ќе се случи визната либерализација со Косово.

Од друга страна, премиерот во должност, Рамуш Харадинај, продолжува да инсистира дека тоа ќе се случи многу наскоро.

Една жестока реакција кон него е упатена од познатиот американски професор, Алон Бен Мери, кој преку социјалната мрежа твитер го повика да не манипулира со косоварите.

„Покрај изјавите на ЕУ за визната либерализација за Косово, премиерот во должност, Рамуш Харадинај продолжува да инсистира дека укинувањето на визите ќе се случи наскоро. Не манипулирај со луѓето, туку работи за да ги убедиш челниците на ЕУ да ги укинат визите за твојата држава“, пишал Бен Маир, пренесува lajmi.net.

Прашањето за визната либерализација долго време е актуелна тема во Косово.

Од ратификацијата на Демаркацијата со Црна Гора, се сметаше дека Косово го има исполнето главниот услов за укинување на визите, но и во оваа година, тоа се уште се нема случено.

Прочитај повеќе

Тачи договорот за авиолинијата го смета за одличен и незаменлив проект

Слободен печат

Тачи: Со Гренел зборувавме за дијалогот Косово-Србија

Слободен печат

Хафтар воведе забрана за сите видови авиони: Ќе го соборам секој што ќе полета од Триполи

Слободен Печат

Османи: ДУИ ќе го почитува принципот „победник со победник“

Слободен Печат

О2 иницијативата бара објаснување за одложувањето на расправата за забрана за увоз на отпад во Собранието

Слободен печат

ЦИА ОТКРИВА: САД го поддржувале Садам Хусеин во нападите со нервен гас врз Иран

Слободен Печат

Остави Коментар

five + 1 =

Прочитај повеќе

НОВА ТРГОВСКА ВОЈНА НА ПОВИДОК: Британците предизвикуваат гнев, а причината се Гугл и Фејсбук

Слободен печат

Макрадули: Во 2020 нов повик за субвенции за поставување филтри кај мали и средни компании

Слободен Печат

Продолжува процесот за отповикување на Трамп

Слободен Печат

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Почуствуван е и на грчкиот остров Лезбос

Слободен печат

Кина го затвора Вухан поради опасност од ширење на коронавирусот

Слободен Печат

Отфрлени промените на предлог-законот за Брегзит

Слободен Печат