Американски претставници веруваат дека Иран стои зад нападот со дронови врз нивната база во Сирија

Знамето на САД и знамето на Иран / Фото: Архива

Американските власти веруваат дека Иран стои зад минатонеделниот напад со беспилотни летала врз воената база во Ал Танфу, во јужна Сирија, каде што се стационирани американски војници.

Американските медиуми пренесуваат дека официјални лица изјавија дека САД веруваат дека Иран обезбедил ресурси и го поттикнал нападот, но дека беспилотните летала не биле лансирани од територијата на Иран.

-Беспилотните летала биле ирански и се чини дека Техеран ја овозможил нивната употреба, изјави официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, давајќи детали кои не беа објавени во јавноста.

Официјални лица велат дека веруваат дека во нападот учествувале пет беспилотни летала со експлозив и дека сите го погодиле американскиот дел од гарнизонот во Ал Танфу, како и делот каде што се наоѓаат силите на сириската опозиција.

Нема извештаи за жртви во нападот, што се случи во период на растечки тензии меѓу Иран и САД.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека меѓународните дипломатски напори за враќање на Иран на нуклеарниот договор од 2015 година се на „критично ниво” и дека трпението на САД е при крај.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби, на новинарско прашање за нападите во Сирија, вчера одби да зборува за деталите.

Тој го нарече нападот врз воената база во Ал Танфу „комплексен, координиран и намерен” и рече дека САД претходно виделе слични напади од шиитските милиции кои се поддржани од Иран.

Проиранските медиуми тврдат дека нападот во Ал Танфу го извршиле „сириските сојузници”, што обично се однесува на групите поддржани од Иран, како одмазда за израелскиот напад врз историскиот сириски град Палиру, неколку дена претходно.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот