Американски полицаец под истрага: Удри жена во лице, камерите го снимија инцидентот (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/YouTube

Секако се работи за прекумерна употреба на сила“, рече градоначалникот.

Полицаец од округот Мајами – Дејд на Флорида е под истрага откако е објавена видео снимка на која се гледа како удира жена со црна боја на кожата.

Инцидентот се случил вчера на аеродромот во Мајами, а глетката е снимена со камера која се наоѓа на унифромата на друг полицаец.

Карлос Гименез, градоначалник на округот Мајами – Дејд раскажа дека жената се вознемирила што задоцнила на летот па службениците кои работат на пултот повикале полиција.

„Кога пристигнала полицијата, жената му се внела на полицаецот во лице и тој силно ја удрил. Секако се работи за прекумерна употреба на сила“, рече градоначалникот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот