Американски пливачки обвинија дека биле силувани од тренерите

EPA/ALBERTO ESTEVEZ

Шест поранешни американски пливачки поднесоа тужба против Американската пливачка федерација бидејќи не ги заштитила од сексуално злоставување од страна на тројца тренери во 1980-тите години.

Дебра Гроденски, Сузет Моран, Трејси Палмеро и уште три неименувани жени, месецов поднесоа три тужби против Пливачката федерација бидејќи не ги заштитила од сексуално злоставување на поранешните тренери на репрезентацијата Мич Ајви и Ендрју Кинг, како и поранешниот диркетор на репрезентацијата, Еверет Учијама.

Поранешните пливачки тврдат дека Федерацијата знаела што се случува но дека не сакала да реагира и така да спречи десетици случаи на сексуално вознемирување.

– Моето сексуално вознемирување можеше да се спречи 100 проценти. Веруавн дека мојот живот ќе беше драстично поинаков доколку Федерацијата го реагираше – изјави 51-годишната Дебра Гроденски, кој открива дека со години се мачи со депресија поради траумите.

Сузет Моран изјави дека исто така со години се мачела со депресијата и дека се уште има трауми. Таа истакна дека имала само 12 години кога Кинг ја тренирал, а Ајви јас злоставувал. На 17 години останала бремена но неколку месеци пред Олимписките игри во 1984 година абортирала.

Трејси Палмеро призна дека Учијама ја злоставувал кога таа имала 14 години, а тренерите иако знаеле ништо не преземале.

– Ми требаа околу 15 години за да сфатам дека сум жртва на сексуално злоставување. Поднесов тужба бидејќи сакам да видам промени во американското пливање
– изјави Палмеро.

Медиумите во САД објавија дека Ајви во 1993 година добил отказ која се појавија првите обвинувања за сексуално злоставување, додека вториот тренер Кинг е осуден на 40 години затвор поради злоставување на малолетни деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот