Американски пилоти пронајдени мртви во воена база во Германија

Брза помош / Фото: Профимедиа

Двајца американски воени пилоти биле пронајдени мртви во спална соба во воздухопловната база Спандхалем во Бинсфелд, Германија. Засега нема детали за причината за смртта, а воени претставници од базата започнаа истрага.

Двајцата мажи биле пронајдени без свест во собата околу 18:30, а откако пристигнала Итната медицинска помош, само констатирала смрт.

Идентитети на пилотите нема да се објават најмалку 24 часа откако членовите на семејството ќе бидат известени за нивната смрт, што всушност е дел од политиката на американското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот