Американски пејач починал во сон на првата брачна ноќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Американскиот кантри музичар, Џејк Флинт починал во сон само неколку часа по неговата венчавка во саботата, пишуваат американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jake Flint (@jakeflintmusic)


Причината за неговата смрт сè уште не е утврдена. Неговата сопруга објави видео од нивната венчавка и напиша:

„Не разбирам. Како луѓето ја преживуваат оваа голема болка? Денеска требаше заедно да ги погледнеме свадбените фотографии, а наместо тоа, барам што да облечам на погребот на мојот сопруг. Срцето ми се крши, не можам да го поднесам ова“, напиша сопругата во емотивната објава на Фејсбук.

Долгогодишниот публицист на Флинт, Клиф Дојал, изјави за Оклахоман:

„Тој не беше само клиент, тој беше одличен пријател и момче што сите го сакаа. Сите го сакаа. Тој беше амбасадор на музиката на Оклахома Ред Дирт“.

Флинт (37) живеел во Тулса, а пораснал во Холденвил. Неговиот прв албум беше „I’m Not Okay“ од 2016 година, а оттогаш тој објави уште три албуми: „Live“ и „Not OK“ во „Cain’s Ballroom“ од 2018 година, Џејк Флинт од 2020 година и „Live and Socially Distanced“ од 2021 година во Меркјури Лоунџ. Тој беше истакнат изведувач на „Future Faces Show“ и на доделувањето на „Texas Regional Radio Music Awards“ 2018.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот