Американски падобранци слетаа на дрво: Воената вежба во база во Германија помина лошо

Американска војска / Фото Архива на Слободен печат

Истрагата за несреќата е во тек.

Неколку американски војници се повредени во несреќа во текот на обука во Германија кога при спуштање со падобран скршнале од патот, соопшти денеска американската војска.

Несреќата се случила вчера во центарот за обука Графенвоер, кога неколку војници од 173. воздухопловна бригада слетале на дрвја, изјави портпаролот на бригата мајор Крис Бредли, пренесе АП.

Германските тимови за вонредени ситуации реагирале на самото место, а еден спасувач е повреден во текот на операцијата, рече Бредли.
Детали за природата на повредите и за тоа на колку војници им е потребно лекување не се достапни, но се смета дека ниту една повреда не е опасна по живот, рече тој.

Истрагата за несреќата е во тек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот