Американски новинар со луда најава: Леброн ќе игра заедно со Дончиќ!?

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Познатиот американски новинар, Бил Симонс има една од најлудите прогнози во последно време поврзани со НБА лигата, Симонс очекува Леброн Џејмс да се пресели во Далас кај Лука Дончиќ.

Навистина едно вакво сценарио изгледа неверојатно, но не треба да се заборави и дека Симонс во 2018 година прв прогнозираше дека Леброн ќе заигра за Лејкерс што подоцна и се случи. Прогнозата доаѓа кога Далас е во незавидна позиција и е многу блиску да го пропушти плеј-офот, иако во своите редови покрај Дончиќ го доведе и Кајри Ирвинг.

Во својата изјава Симонс прво го спомна кошаркарот на Голден Стејт, Дремон Грин, за потоа да го додаде и Леброн.

„Мислам дека Грин може да заврши во Далас покрај Кајри и Лука, а Леброн ќе најде начин да им се придружи. Тоа е мојата прогноза“, изјави Симонс и предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Сепак, тој не е се изјасни дали очекува ова да се случи во блиска иднина или понатаму. Треба да се потсети и дека Леброн во минатото неколку пати изјавуваше дека би сакал да дочека неговиот син да влезе во НБА и заедно да заиграат во ист тим. Исто така „кралот“ не криел и дека е голем фан на играта на Лука Дончиќ, па можеби ќе ги видиме некогаш и заедно, времето ќе покаже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот