Американски носачи на авиони изведоа вежби во Јужното Кинеско Море

Американска морнарица/ Фото US Navy

Носачите на авиони „Теодор Рузвелт“ и „Нимитц“ и група бродови спроведоа заедничка воена вежба во Јужното кинеско море, соопшти Американската морнарица. Бродовите неколку дена минаа низ овие води за кои постои спор со Кина. 

„Бродовите и носачите во неколку групи изведоа вежби во многу  насочени кон зголемување на интероперабилноста, како и способности за команда и контрола”, соопшти денеска американската морнарица, коментирајќи ги првите операции тие води од јули 2020 година.

Вежбата се случи неколку дена откако Кина го осуди преминот на американскиот разорувач „Џон С Мекејн” во близина на островот Парацел, контролиран од Кина. САД го нарекоа минувањето „слобода на пловидба”.

Овие води, низ кои годишно минува трговска стока во вредност од 5,3 трилиони долари, се една од темите околу кои Кина и САД имаат конфликт.

САД ги доведуваат во прашање територијалните и поморските амбиции на Кина во тој регион, обвинувајќи ја за милитаризација на Јужното Кинеско Море и обид за заплашување на своите соседи Малезија, Филипини и Виетнам, кои исто така се во спор со Кина.

„Посветени сме на обезбедување легален пристап до морето, што го имаат сите земји според меѓународното право, изјави командант на бродот „Нимиц”.

Министерството за надворешни работи на Кина одговори на распоредувањето на американски бродови, додавајќи дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки за зачувување на својот национален суверенитет и безбедност”.

Пред неколку дена, САД спроведоа поморски вежби со Јапонија, во близина на југозападниот брег на таа азиска земја.

Кина тврди дека има право на поголем дел од Јужното Кинеско Море, но Меѓународниот суд во Хаг тоа не го признава.

Официјален Пекинг ги зајакна активностите во таа зона, градејќи вештачки острови и поморски и воздушни објекти, иако соседите не се согласуваат со таквиот потег.

Минатиот месец Кина усвои закон, според кој, првпат експлицитно и дозволува на својата крајбрежна стража да отвори оган врз странски пловни објекти.

Фото: U.S. Navy Photo by Mass Communication Specialist 2nd Class Markus Castaneda

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот