Американски научник предупредува: Освен со Ковид-19, човештвото може да се соочи и со Ковид-26 и Ковид-32

Потребно е темелно да се проучи потеклото на коронавирусната болест Covid-19, зашто во спротивно човештвото може да се соочи со Covid-26 и Covid-32, предупреди американскиот научник и еден од водечките експерти за коронавируси и инфективни заболувања во САД, Питер Хотез, објави „Вашингтон пост“.

Според стручњакот, кој истовремено е и еден од шефовите на Центарот за развој на вакцини во сојузната држава Тексас од „витално значење“ е добивањето информации под кои околности започнал да се шири новиот коронавирус, за да се избегне повторувањето на вакви појави во иднина.

„Ова е веќе третата голема епидемија или пандемија во XXI век (по SARS и MERS)… Сегашната е третата по ред. Мајката природа нѐ тера да сфатиме и ни кажува што ќе се случи во иднина: ќе има Covid-26 и Covid-32, доколку потполно не го разбереме потеклото на Covid-19“, изјави Хотез во гостувањето во емисја на американската телевизиска мрежа NBC News.

Хотез истакна дека е неопходно да се испита „појавата на епидемијата“ на новиот коронавирус. За тоа, виролози, епидемиолози и други специјалисти треба да бидат испратени во кинескиот град Вухан, од каде во декември 2019 година започна пандемијата на Covid-19, смета американскиот експерт. На самото лице место, тие ќе треба да ги соберат податоците и потребните примероци, додаде научникот.

Притоа Хотез истакна дека ќе биде тешко да се добијат информации за потеклото на новиот коронавирус SARS-CoV-2 без соработката на Кина по ова прашање.

„Мислам дека навистина треба да извршиме силен притисок врз Кина, вклучувајќи можеби и санкции, за тим од истакнати епидемиолози и виролози во Кина да има непречен пристап до животни, луѓе, примероци и лаборатории“, нагласи Хотез кој е и декан на Националната школа за тропска медицина на Медицинскиот колеџ Бејлор во тексашки Хјустон.

Според експертот, виролозите, епидмиолозите и стручњаците за лилјаци треба да престојуваат најмалку шест месеци во кинеската покраина Хубеи, чиј административен центар е 11-милионскиот Вухан, каде што научниците ќе собираат примероци од вирусот, како и од крвта на луѓето и животните.

„Неопходно е да го сториме тоа. Тоа не е само во интерес на Кина или на САД, туку на целиот свет“, додаде Хотез.

Претходно во неделата изданието Daily Caller, повикувајќи се на поранешниот соработник на американскиот Стејт департмент, Дејвид Ашер, кој работел на истрагата за потеклото на Covid-19, објави дека сопругата на еден од виролозите кои работеле во лабораторијата во Вухан, починала по заразување со коронавирусот во декември 2019 година, пред кинеските власти да известат за епидемијата на новиот коронавирус.

За смртта на жената на вработениот во лабораторијата Ашер бил информиран од лице кое тогаш работело во Институт за вирологија во Вухан (WIV). Според него, кинеските власти наводно „ја криеле еден месец“ информацијата дека коронавирусот е заразен за луѓето. Тоа придонело за избувнувањето на епидимијата (во Кина), а потоа и глобалната пандемијата, смета Ашер.

Минатата недела весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на досега необјавен извештај на американското разузнавање објави за сериозно заболување во ноември 2019 година на тројца вработени во Институтот кои биле хоспитализирани. Во написот беше наведено и дека тие ги имале истите симптоми „како и членовите на еден тим кој се занимавал со истражувањето на коронавирусот“.

Пред десетина дена група републиканци од Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД објавија за постоење „огромни докази“ за тоа дека епидемијата можеби се должи на „бегање“ на вирусот од Институтот за вирологија во Вухан. Извештајот објавен на веб-страницата на Комитетот укажува на појава на симптоми карактеристични за Covid-19 уште есента 2019 година кај неколку истражувачи во лабораторијата, како и присуство на кинеската војска во Институтот.

Во извештајот кој официјално Кина го поднесе во СЗО, пак, се тврди дека првиот пациент со симптоми подоцна дефинирани како симптоми за Covid-19 е регистриран на 8-ми декември 2019 година во Вухан.

Во март годинава меѓународна група експерти под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објавија извештај по нивниот престој во Кина во периодот јануари/февруари со цел да го испитаат потеклото на новиот коронавирус. Научниците не можеа да дојдат до недвосмислен заклучок, и во последниот документ на мисијата објавен по неколкукратно одложување наведуваат дека е најверојатното сценарио е дека коронавирусот се пренесол од животно на човекот преку друг посреднички животински вид, а како најмалку веројатна верзија ја оценија веројатноста вирусот да е создаден и да истекол од лабораторија.

Венаш по објавувањето на извештајот, САД поддржани од Австралија, Велика Британија, Данска, Естонија, Израел, Јапонија, Јужна Корејка, Канада, Летонија, Литванија, Норвешка, Словенија и Чешка, изразија загриженоста за веродостојнота на истражувањето на СЗО во Кина. Во изјавата на 14-те земји немаше директна критика на заклучоците во конечниот документ на СЗО, но беше забележано дека работата на експертите се одвоваше со значително задоцнување, без пристап до целосни информации и податоци.

Минатата седмица Белата куќа издаде соопштение според кое американското разузнавање сѐ уште не ја исклучува сосема верзијата за ширење на коронавирусот по инцидент во лабораторија во Институт за вирологија во Вухан (WIV). Во објавата беше цитирана изјавата на претседателот Џо Бајден дека разузнавачката заедница на САД дозволува две верзии за потекото на вурусот: со пренесувње од животно на човек и со лабораторски активности. Бајден даде рок од 90 ден, разузнавањето да продолжи да собира и анализира инфромации со удвоени напори, а потоа да го инфромира, ветувајќи дека извештајот ќе биде достапен за јавноста.

Видео на денот