Американски милијардер и неговата ќерка загинале при пад на хеликоптер на Бахамите

Седум лица загинале при пад на хеликоптер кај островот Гранд Кеј на Бахамите, соопштила тамошната полиција.

Во соопштението стои дека хеликоптерот исчезнал од радарските екрани непосредно по полетувањето.

Американските медиуми пишуваат дека меѓу загинатите е и Крис Клајн, кој го опишуваат како рударски милијардер и „човек кој направил многу хумани дела за државата Западна Вирџинија“.

Клајн загинал еден ден пред својот 62-ри роденден, а меѓу настраданите била и една од неговите ќерки.

Причината за несреќата уште не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот