Американски медиуми: Трамп се скара и со Џулијани, не сака да му ги исплати адвокатските такси

Американскиот претседател Доналд Трамп се скара и со неговиот личен адвокат Руди Џулијани и одбива да ги плати адвокатските такси, јавија медиуми во Вашингтон.

Џулијани одигра клучна улога во неуспешните обиди на Трамп да ги отфрли резултатите од претседателските избори во ноември пред американските судови. Адвокатот поднесе низа тужби, ги обиколи клучните држави што ги освои Џо Бајден и ширеше лаги дека изборите биле со недостатоци.

Според „Вашингтон пост“, односите меѓу Трамп и Џулијани драматично се заладуваат. Шефот на државата им порачал на своите советници да не ги плаќаат хонорарите на Џулијани за работата што ја заврши.

Претседателот бил навреден од барањето на Џулијани да му се исплатат 20.000 американски долари на ден. Таа сума е демантирана од самиот адвокат.

На официјалните лица на Белата куќа им е наредено дури и да не одговараат на повиците на Џулијани. Очигледното несогласување со Џулијани, еден од најверните сојузници на Трамп, придонесе за чувството на изолација и предавство што го има американскиот претседател, наведуваат советниците.

Трамп е незадоволен што членовите на неговиот близок круг не успеаја да го одбранат по минатонеделните немири во „Капитол“. Многумина, исто така, замолкнаа по вчерашното гласање за импичмент против Трамп во Претставничкиот дом, објави Вашингтон пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот